Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Работилница 3 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Работилница 3 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Се одржа и третата работилница за дигитално младинско учество, која е дел од проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“.

ЕКО акција за чиста и здрава животна средина

ЕКО акција за чиста и здрава животна средина

Во Прилеп на Могила на непобедените, на ден 8 - ми февруари 2023 година се реализираше еколошка активност, во која учествуваше тимот на волонтери – Еко-агенти за иницирање и организирање на еколошки акции.
Свесни сме дека ова е можеби симболичен придонес, но се надеваме дека со оваа ЕКО-акција ќе испратиме порака до целата заедница како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина. Се надеваме дека со нашиот пример ќе ги поттикнеме и останатите луѓе во земјата да преземат конкретни акции со кои ќе ја зачуваме природата чиста и здрава.

 

Работилница 2 „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Работилница 2 „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Се одржа втората работилница, која е дел од проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“, со цел да им се овозможи на младите да дадат коментари, сопствени идеи, мислења и ставови во однос на  иновативната иницијатива (Отворање на Младински Центар во Прилеп).

Неформална дружба на тимот на волонтери - Едукатори за локални едукативни работилници

Неформална дружба на тимот на волонтери - Едукатори за локални едукативни работилници

Вчера (07.02.2023 година), тимот на волонтери – Едукатори за локални едукативни работилници при МСП имаше можност да се дружи, играјќи  друштвени игри со цел забава, а најважно запознавање со поимот и важноста на тимот и тимската работа.

Оваа активност претставува поттик и можност за останатите млади да се приклучат во волонтерскиот тим кој што им нуди простор, игри, добра забава, волонтери од целиот свет и одлична можност да си поминете убаво со вашите пријатели, да запознаете нови луѓе, или да научите нешто ново.

 

Групна средба за самоотценување на компетенциите на младите

Групна средба за самоотценување на компетенциите на младите

Ја одржавме првата средба со младите лица за да ги објасниме главните фази на процесот, целите и потенцијалните придобивки од учеството од самотценување на компетенциите кои ги поседуваат. Преку валидација на компетенциите на младите првенствено ќе помогнеме во подобрување на можностите за вработување со нивна зголемена способност за идентификување и опишување на сопствените компетенции.

Проектот „Претстави се себе си (#introduceYouthSelf) Младински Совет Прилеп го спроведува под водство на Associació PROSEC од Шпанија, а во партнерство со Fundacja Sempre a Frente од Полска, Foroige од Ирска, Sdruzhenie Walk Together од Бугарија, Universidad De Lleida од Шпанија и е поддржан преку програмата Erasmus+, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации.

Електронски флаер

Електронски флаер

За да обезбедиме поголем опфат на младите луѓе, он-лајн активностите во проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“ вклучуваат и електронски флаер, кој што дава информации за значењето и улогата на Младинскиот Центар.

Флаерот може да го погледнете тука

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот." #ChinMK

Обука за волонтери

Обука за волонтери

На  20 јануари 2023 се одржа ориентациона обука за новата група на волонтери кои сакаат да се вклучат во активностите на Младински Совет Прилеп.

Телефон

+389 (0) 48 523 390 

Електронска пошта

contact@ycp.org.mk

Адреса

Кире Ристески 11а, Прилеп

Publish modules to the "offcanvs" position.