Свечено започнување на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија - 2“

Свечено започнување на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија - 2“

На 27 јануари 2023 година се одржа настан за свечено започнување на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија - 2“, на кој што Младински Совет Прилеп потпиша Меморандум за соработка заедно со 9 други партнери од Пелагонискиот регион и Про Локал од Битола.

Целта на меморандумот е да обезбеди успешно спроведување на проектот, преку кој во наредните две години младите од рурални средини од Општина Прилеп ќе имаат можност да се вклучат и да ги зајакнат своите способности и да придонесат за нивниот развој на регионот.

Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.

Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.

Предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните места се различни од оние на младите луѓе во урбаните средини и токму затоа во рамките на проектот се креира Регионална платформа за млади во која членуваат сите 9 општини и 9 граѓански организации со мандат заедно да ги решаваат проблемите кои ќе ги идентификуваат младите.

Про Локал, организацијата која го води проектот, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија и пелагониските Општини, ќе реализираат и 9 инфраструктурни објекти од помал обем по предлог на младите од секоја општина.
Проектот е продолжување на активностите од мината година во која исто така група од 50 млади луѓе поминаа интензивен едукативен процес за трансформација од пасивни млади во активни агенти на промени.

 


Print   Email