Општински креативен натпревар
„Младите за ЕУ – ЕУ вредности низ наши очи“
Младински Совет Прилеп (МСП), во рамки на проектот „Младите за ЕУ – Зајакнување на младинското учество и комуникацијата на патот кон ЕУ интеграција″ спроведуван со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), објавува отворен повик за учество во Oпштински креативен натпревар.
Тема на натпреварот
„ЕУ вредности – наша реалност“
Кој може да учествува?
- Млади од 15 до 29 години со живеалиште во Општина Прилеп
- Ученици од средни училишта во Прилеп
- Студенти и млади активисти од Прилеп
- Индивидуално или во тим (макс. 3 члена за видео/подкаст)
Категории
- Есеј – пишан текст (800–1500 зборови)
- Говор – снимен говор (3–5 минути)
- Видео – краток филм / видео-порака (2–5 минути)
- Подкаст – аудио епизода (5–12 минути)
Награди
Во секоја категорија се доделуваат 1, 2 и 3 место.
Организаторот го задржува правото да не додели 2 или 3 место ако квалитетот на пријавите не е задоволителен.
*Наградата му се доделува само на носителот на пријавата, без оглед на бројот на други лица кои учествувале во подготовката или реализацијата на делото.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на завршната изложба и церемонија предвидена месец мај 2027 година.
Краен рок за пријавување: 15 февруари, 2027 година
Како да се пријавите?
Пополнете го формуларот за пријавување достапен на следниот линк најдоцна до крајниот рок.
Контакт: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. | +389 78 470 400
(Целосни правила, насоки и критериуми за оценување се достапни во прилог и на следниов линк)
Оваа активност е спроведена со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.

