Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ESC ВОЛОНТЕРИ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ESC ВОЛОНТЕРИ

Времетраење:            

 Датум на започнување на проектот: 01.01.2026

Датум на завршување на проектот: 30.06.2027

Општа цел:

Општата цел на проектот е да се овозможи активно вклучување на млади лица преку Европскиот солидарен корпус (ЕСК, придонесувајќи кон заштита на животната средина, одржлив развој, климатска акција и поттикнување на младинското учество во демократскиот живот и процесите на донесување одлуки.

Специфични цели:

Проектот има за цел:

  • да ги зајакне знаењата и вештините на младите волонтери во областа на еколошката одржливост и климатските промени;
  • да поттикне активно учество на младите во демократски процеси и граѓански иницијативи;
  • да промовира европски вредности, солидарност, интеркултурно учење и активно граѓанство;
  • да го поддржи спроведувањето на Европските младински цели (EU Youth Goals);
  • да овозможи простор за личен и професионален развој на младите преку неформално образование и практична работа;
  • да придонесе кон развој на локалната заедница преку волонтерски активности и младински иницијативи.

Целна група:

Главна целна група на проектот се:

  • млади лица на возраст од 18 до  29  години  од балканот и европските држави ;
  • млади  кои имаат интерес за екологија, климатска акција и одржлив развој, неформално образование
  • млади активисти и волонтери;
  • млади кои сакаат да стекнат меѓународно искуство .

Крајни корисници:

Крајни корисници на проектот се младите луѓе во локалната заедница, образовните институции, граѓанските организации, локалните власти и пошироката јавност.

Проектот предвидува директно вклучување на ЕСК волонтери кои ќе работат со стотици млади лица преку различни активности, работилници, кампањи и јавни настани.

Активности:

Во рамки на проектот,  ЕСК волонтерите ќе бидат вклучени во:

  • организирање и фасилитирање на работилници ;
  • активности за подигање на јавната свест за климатските промени и одржливиот начин на живот;
  • поддршка при спроведување локални еколошки акции и иницијативи поврзани со рециклирање, енергетска ефикасност и одржливо користење на ресурсите;
  • развивање креативни и дигитални содржини за социјални медиуми;
  • промоција на EU Youth Goals преку интерактивни младински активности;
  • учество во интеркултурни настани и активности за размена на искуства;
  • поддршка на секојдневните активности на Младински Совет Прилеп и неговите партнерски организации.
  • Снимање на подкасти во радио Пулс

Приоритетни теми на проектот:

Проектот е фокусиран на:

  • заштита на животната средина;
  • учество во демократскиот живот;
  • EU Youth Goals. 

Што обезбедува проектот?

На избраните волонтери им се обезбедува:

  • Покриени патни трошоци од местото на живеење до Прилеп и обратно
  • сместување;
  • месечен надоместок за храна и лични трошоци;
  • здравствено осигурување;
  • Youthpass сертификат по завршување на а волонтерскиот процес ;
  • континуирана поддршка од ментор и координатор.

Резултати:

Со реализацијата на проектот се очекува:

  • зголемено младинско учество во локални и европски иницијативи;
  • подигната свест за еколошките предизвици и климатските промени;
  • развиени практични вештини кај волонтерите ;
  • зајакната соработка помеѓу младите и локалната заедница;
  • промоција на европските вредности и Европскиот солидарен корпус;
  • поголема видливост на младинските иницијативи поврзани со одржлив развој и демократско учество.

Како да се пријавите?

Сите заинтересирани млади лица кои ги исполнуваат условите на програмата ESC можат да се пријават преку испраќање на својата биографија и мотивациско писмо во согласност со условите наведени во повикот.

Биди дел од позитивната промена, стекни меѓународно искуство и придонеси кон поодржлива, поинклузивна и поактивна Европа!

 


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.