Со особено задоволство го објавуваме отворањето на Музичката соба за млади таленти во Прилеп, реализирана во рамките на
проектот „Младински политики по мерка на
младите“.
Овој простор е создаден како резултат на активна вклученост на младите, кои преку повеќе средби ги
споделија своите идеи и потреби. Како најприоритетна беше препознаена потребата од безбеден и
функционален простор за музичко творештво, што денес стана реалност.
Музичката соба ќе им биде на располагање на младите музичари за вежбање, креативно изразување,
развој на талентот и соработка. Таа претставува ново културно јадро во градот и јасен пример дека
кога младите добиваат поддршка – тие создаваат вредности за целата заедница.
Настанот беше збогатен со обраќања од претставници на локалната самоуправа и младинскиот сектор,
како и со настапи на млади музички бендови, кои симболично го означија почетокот на новата приказна
за младинската музичка сцена во Прилеп.
Ова е простор каде што се раѓаат идеи, се создаваат звуци и се сонува гласно.
Проектот Младински политики по мерка на младите е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CHinMK #CivicaMobilitas

