Локалното собрание на млади на Општина Крушево го објави јавниот повик за кандидирање на членови на Локалниот младински совет.
Локалниот младински совет е тело кое има советодавна улога и претставува механизам преку кој младите луѓе директно можат да го искажат своето мислење, ставови и предлози за прашања што ги засегаат.
Со формирањето на Локалниот младински совет, младите во Крушево ќе имаат можност да бидат директно вклучени во носење на одлуки, да ја зголемат својата видливост и да се застапуваат за своите интереси. На овој начин се овозможува градење на конструктивен дијалог помеѓу младите и локалната самоуправа, како и создавање на услови за поголема младинска партиципација.
📌Кој може да се пријави?
Право на пријавување имаат сите млади жители на Општина Крушево кои се на возраст од 15 до 29 години. Дополнително, кандидатите треба да имаат интерес или искуство во работа со млади, како и мотивација да бидат дел од процеси и активности кои ќе придонесат за развој на младинските политики во општината.
📑Како да се пријавите?
Сите заинтересирани кандидати можат да го пронајдат јавниот повик со сите потребни информации, критериуми и начинот на аплицирање на официјалната веб-страница на Општина Крушево. Во продолжение линк до веб страната: Јавен повик за членови на Локален младински совет – Општина Крушево
Вклучувањето во ова тело е шанса за развивање на лидерски вештини, градење на капацитети за застапување, како и за активно учество во процесите на локално ниво.
👉 Биди дел од промени во заедницата – пријави се, твојот глас е важен!
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
#ЈасГраѓанинот