Мултиплаер настан „Introduce YouthSelf“

Мултиплаер настан „Introduce YouthSelf“

Младински Совет Прилеп организираше настан, на кој ги промовираше активностите и резултатите од проектот "Introduce YouthSelf"!
На настанот, беше споделен веб-сајтот, прирачникот кој беше подготвен за време на проектот, како и мобилната апликација Competent.

Младински Совет Прилеп, изминатите две години, активно работеше на активностите на проектот „Introduce YouthSelf“.

Целта на проектот е да обезбеди начин преку кој ќе им бидат валидирани компетенциите на младите кои ги имаат стекнато преку формално и неформално образование.

Успешно развивме веб-страница на проектот и изготвивме комплетен прирачник и мобилна апликација, сè со цел да ги поддржиме и подобриме можностите за развој на младите.

На веб страницата може да пристапите кон:

  • Информации за проектот, да ги дознаете целите, идеите и влијанието кое го има истиот.
  • Прирачник за валидатори во кој може да ги најдете алатките што ви се потребни за поддршка на младите во процесот на валидација на нивните компетенции.
  • Прирачник за проектот во кој може да ги најдите деталите за процесот, таксономијата и апликацијата. Со овој прирачник ќе стекнете и подобро разбирање за структурата, целите и стратегиите за имплементација на проектот.

Линк до веб страницата: Validating hidden competencies | Competent Project

Линк до мобилната апликација Competent која овозможува валидација на компетенциите  на младите кои ги имаат стекнато преку образование: Competent (competentonline.com)

Младински Совет Прилеп е партнер на проектот „Introduce Youthself“, чиј координатор е Associacio Prosec (Шпанија), спроведуван во партнерство со Фориге (Ирска), Семпер а Френте (Полска), Walktogether (Бугарија), Универзитет на Леида (Шпанија), финансиран и поддржан од Шпанската национална агенција за образовни програми и мобилност преку програмата Еразмус +, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации.

Print   Email