Тркалезна маса „Да се слушне гласот на младите“

Тркалезна маса „Да се слушне гласот на младите“

За да се слушне гласот на младите од Кривогаштани, Младински Совет Прилеп организираше Тркалезна маса „Да се слушне гласот на младите“ во нивната Општина на 28 март 2024 година.

На настанот се презентираше Документот со препораки дадени од младите при реализација на локални иницијативи предводени од активаторите на заедницата.

Целта на тркалезната маса беше да се повикаат на одговорност локалните власти и да се поддржат иницијативите на младите од страна на Општината како неопходен чекор од примена на младинското учество во руралните средини.

На тркалезната маса учествуваа Градоначалникот на Општина Кривогаштани, членови на советот на општината, локални здруженија, младински активатори и локални млади.

Тркалезната маса се организира во рамките на проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведувана од Младински Совет Прилеп, финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од „Македонска развојна фондација за претпријатија“, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“, и „ЕЛИТ - Здружение на жени менаџери Скопје“.


Print   Email