Како функционира Локалната Самоуправа?

Како функционира Локалната Самоуправа?

Се одржа и втората обука од циклусот обуки наменети за Локалниот Младински Совет и Локалното Собрание на млади на Општина Кривогаштани.

„Функционирање на Локалната самоуправа и јавни финансии на локално ниво“ беше тема на втората обука која што се одржа во периодот од 18 - 20 март 2024 година во Струга.

Обуката беше фокусирана на функционирањето на Локалната самоуправа, поделените одговорности на Градоначалникот и Советот на Општината, како и начинот на подготовка и трошење на јавните финансии на локално ниво.

Младите од Општина Кривогаштани преку различни работилници и дискусии стекнаа знаења за функционирањето на Локалната самоуправа како и за креирањето и трошењето на јавните финансии.

Обуката се организира во рамките на проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведувана од Младински Совет Прилеп, финансиран од Европската Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од „Македонска развојна фондација за претпријатија“, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“, и „ЕЛИТ - Здружение на жени менаџери Скопје“.


Print   Email