Обука „Младинско учество и младински активизам“

Обука „Младинско учество и младински активизам“

Во периодот од 10 - 12 март, 2024 година во Струга, Младински Совет Прилеп спроведе обука „Младинско учество и младински активизам“.

Обуката беше фокусирана на стекнување на знаења и вештини кај учесниците за важноста и формите на младинското учество на сите нивоа од општественото живеење.

Оваа обука им овозможи на 15 млади од Општина Кривогаштани да размислат за значењето и влијанието на младинското учество во општината.

Учесниците се стекнаа со знаења за конкретни механизми за младинско учество кои директно се стимулирани од младинскиот активизам на локално ниво. 

Обуката се организираше во рамките на проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведувана од Младински Совет Прилеп, финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од „Македонска развојна фондација за претпријатија“, „Рурална Коалиција“, „Џуниот Ачивмент“ и „ЕЛИТ - Здружение на жени менаџери Скопје“.


Print   Email