За МСП
Младински Совет Прилеп (МСП) е основана во 1999 година како младинска невладина организација во Прилеп и е насочена кон подобрување на животот на младите на регионално и национално ниво. Младински Совет Прилеп е основач и полноправна членка на Коалицијата на младински организации СЕГА, национална чадор организација.
МСП не само што дава услуги и можности за младите луѓе и волонтерите, туку активно ги вклучува во процесите на донесување одлуки во организацијата. МСП се стреми да влијае позитивно на младите луѓе и како организација да создава млади лидери со давање можности на младите да ги изградат своите капацитети и да бидат поконкурентни во општеството.
На кратко, Младински Совет Прилеп работи за младите и со младите.
Мисија
Младински Совет Прилеп ги поддржува младите да учествуваат во демократските процеси, овозможувајќи им да прераснат во активни граѓани.
Визија
Стратешка цел: 1
Поддршка на младите во регионот