Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница

Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница

Наслов: Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница

Времетраење: 01.06.2023 - 31.12.2023 (7 месеци)

Општа цел: 

Придонес кон подобрување на социо - економскиот развој на младите во руралните заедници.

Специфична цел:

Зголемување на младинскиот активизам и младинското учество преку примена на Законот за младинско учество и младински политики во Општина Кривогаштани.

Целна група: 

125 млади жени и мажи, 10 граѓански организации, 1 локална самоуправа (3 вработени во администрацијата).

Крајни корисници:

Млади жени и мажи на возраст 15-29 години.

Активности: 

1.1 Формирање на јадро на младински активатори во заедницата и нивно зајакнување;

1.2 Спроведување на локални иницијативи предводени од активаторите во заедницата;

2.1 Средби со клучните засегнати страни во полето на млади во Општина Кривогаштани;

2.2 Техничка поддршка на ЛС во примена на ЗМУПМ;

2.3 Зајакнување на улогата на ЛМС на Општина Кривогаштани;

3.1 Кампања за промовирање на младинскиот активизам и младинското учество;

Резултати:

Р1. Зајакнати капацитети на руралните млади (мажи и жени) преку младински активизам и влијание врз креаторите на политики;

Р2. Подобрено е учеството на руралните млади мажи и жени преку операционализација на Локалниот Младински Совет во Општина Кривогаштани;

Р3. Зголемена информираност на младите за можностите од ангажман на младите и нивно учество;

Date

01 June 2023

Tags

Локални проекти