Мирот во акција

Мирот во акција

Наслов: Мирот во акција

Времетраење: 01.09.2006 година - 30.09.2006 година (1 месец)

Цел: Промоција на идејата за мирот, како дел од глобалната меѓународна прослава на Месецот на мирот (септември)

Активности: 

- Остварување контакт со директорот на Домот на културата Прилеп - „Марко Цепенков“.
- Остварување средби со млади учесници вклучени во проектот „Млади за млади“ и со членови на средношколскиот сектор од Прилеп.
- Контактирање со млади музички бендови и музички изведувачи, со цел да се запознаат со проектните активности и да добијат одобрение за учество.
- Ширење соопштенија и информативни писма до јавните служби.
- Испраќање писмо до Локалната самоуправа за партнерство со цел да се добие дозвола за користење на јавниот простор (летната сцена на градскиот плоштад) каде што ќе се реализира настанот.
- Реализација на мирниот хепенинг на летната сцена на градскиот плоштад во Прилеп (формирање на три тима, една за цртање на графити, втора за музичка изведба и трета за логистичка поддршка и ширење на маркетиншките материјали).

Резултати:

- Нацртани графити на тема Мир во акција.
- Платно испишано со пораки за мир.
- Организиран еден музички настан со настап на 2 музички бенда и 1 соло изведувач.

Date

01 September 2006

Tags

Локални проекти