Младински Едукативен Центар

Младински Едукативен Центар

Наслов: Младински Едукативен Центар

Времетраење: 7 месеци

Цел:

- Обезбедување долгорочна поддршка во развојот на младите луѓе.
- Формирање на тимови од пеер едукатори (Тим за трговија со луѓе, Тим за штетно влијание од дрога и Тим за едукација од областа на ХИВ/СИДА и СПИ и репродуктивно здравје).
- Воспоставување на Младински Едукативен Центар (МЕЦ) во кој ќе се испорачуваат обуки на теми: “Трговија со луѓе”, “Штетно влијание од дрога” и “ХИВ/СИДА/СПИ и репродуктивно здравје”.
- Зголемување на свеста и знаењата кај младите луѓе од областа на трговија со луѓе, штетно влијание од дрога и ХИВ/СИДА/СПИ и репродуктивно здравје.

Активности:

- Формирање на core група.
- Обука за истражување.
- Спроведување на истражување и обработка на податоци.
- Семинар за Peer education и ТОТ.
- Тематска обука на тимовите.
- Функционирање на Младинскиот Едукативен Центар.
- Изработка и печатење на READER.

Резултати:

- Формирани три тимови од Пеер едукатори (Тим за трговија со луѓе, Тим за штетно влијание од дрога и Тим за едукација од областа на ХИВ/СИДА и СПИ и репродуктивно здравје).
- Организиран Тренинг за Тренери за 12 учесници.
- Спроведено истражување во средните училишта во Прилеп.
- Обработени и јавно презентирани резултати од истражувањето.
- Воспоставувен на Младински Едукативен Центар (МЕЦ).
- Зголемени знаења и кај 300 млади за превенција од ХИВ/СИДА и СПИ и репродуктивно здравје, трговија со луѓе и штетно влијание од дрога.

Date

05 August 2007

Tags

Локални проекти