
Младински политики по мерка на младите
Наслов: Младински политики по мерка на младите
Времетраење: 01.12.2023 - 31.06.2026 (30 месеци)
Општа цел: Проектот „Младински политики по мерка на младите“ има за цел вклучување на граѓанските организации во развојот на политики и процесите на донесување одлуки преку соработка и дијалог со властите.
Специфична цел:
Да се развијат и донесат младински политики по мерка на младите како и да се унапредат младинските состојби со поефикасно спроведување на политиките за млади.
Целна група:
Mлади лица на возраст од 15 до 29 години, граѓански организации, единици на локалната самоуправа, локални секторски институции, регионални центри за развој, национални институции кои се надлежни за младински политики, пратеници и медиуми.
Активности:
А.1.1:Проценка на влијанието на младинските политики врз младинските состојби во руралните општини наспроти урбаните и препораки за подобрување на законската регулатива
А1.2: Јавна дебата за измени и дополнување на змумп
А2: Воспоставување и тестирање на механизам за креирање младински политики и донесување одлуки со младинско вклучување
А2.1: Секторски работилници за младински политики
А2.2: Секторски анализи за младинските состојби и можности
А2.3: Младинско вклучување
А2.4: Младински проекти од мал обем
А2.5: Пленарни сесии на регионалната платформа за млади
А2.6: Регионална конференција за локални младински политики
А2.7: Градење на капацитетите за застапување и учество во носење политики
А2.8: Сертификација на младински работници
А.3: Тематски форум
А4: Завршна конференција за презентација на резултатите
А5.1: Промоција на прашањето за младински политики по мерка на младите
А5.2 Визуелен идентитет
Резултати:
Р1: ГО се вклучени во развојот на политики и во процесите на донесување одлуки преку соработка и дијалог со властите.
Р2: Развиени и донесени младински политики по мерка на младите.
Р3: Унапредени младинските состојби со поефикасна имплементација на младинските политики.
Оваа активност е резултат на проектот „Младински политики по мерка на младите“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас.