Успешно заврши проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“

Успешно заврши проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“

Blog Hits: 5

Со завршен настан, Младински   Совет Прилеп успешно го заокружи проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“,  во рамки на кој беа реализирани сите планирани активности.

Во текот на проектот беа организирани обуки за претставниците на ученичките организации од трите средни училишта во Прилеп, беа поддржани три ученички иницијативи и беа изработени шест аудио подкасти преку кои учениците го промовираа значењето на ученичкото учество и организирање.

На завршниот настан беа презентирани постигнатите резултати и искуствата од проектот, со што уште еднаш беше потврдено дека младите, со соодветна поддршка и можности, можат активно да придонесуваат за позитивни промени во своите училишта и локалната заедница.

Им благодариме на сите ученици, наставници и партнери кои со својата активност, поддршка и посветеност придонесоа проектот успешно да се реализира.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Print