Реализирана ученичката иницијатива „Комуникацијата е клуч за успешно училиште“ во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ - Прилеп

Реализирана ученичката иницијатива „Комуникацијата е клуч за успешно училиште“ во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ - Прилеп

Blog Hits: 13

Во рамки на проектот „Ученици за ученичко учество: Зајакнување на ученичките организации“, учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ – Прилеп ја реализираа ученичката иницијатива „Комуникацијата е клуч за успешно училиште“.

Иницијативата беше подготвена од членовите на Ученичкиот совет, по претходно одржани менторски средби и обуки. Целта беше да се подобри комуникацијата во училиштето, да се поттикне активното учество на учениците и да се зајакне соработката меѓу учениците и наставниците.

Во рамки на иницијативата беа реализирани две активности. Преку работилницата „Училишен инкубатор: 60 минути за промена“, учениците ги идентификуваа проблемите во училиштето, предлагаа решенија и размислуваа за први конкретни чекори за промена. Активноста поттикна критичко размислување, креативност и тимска работа.

Активноста „Енергија и тимски дух“ беше реализирана преку спортски активности во пинг-понг и одбојка, со учество на ученици и наставници. На овој начин се поттикнаа подобра комуникација, доверба, меѓусебна поддршка и свест за значењето на физичката активност и здравите навики.

Со реализацијата на иницијативата, учениците покажаа дека можат активно да учествуваат во подобрување на училишната средина. Преку заедничка работа, комуникација и конкретни идеи, тие придонесоа кон создавање поотворена, попозитивна и покооперативна атмосфера во училиштето.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Print