Музичката соба за млади таленти во Прилеп

Музичката соба за млади таленти во Прилеп

Blog Hits: 12

Со особено задоволство го објавуваме отворањето на Музичката соба за млади таленти во Прилеп, реализирана во рамките на 

проектот „Младински политики по мерка на 

младите“. 

Овој простор е создаден како резултат на активна вклученост на младите, кои преку повеќе средби ги 

споделија своите идеи и потреби. Како најприоритетна беше препознаена потребата од безбеден и 

функционален простор за музичко творештво, што денес стана реалност. 

Музичката соба ќе им биде на располагање на младите музичари за вежбање, креативно изразување, 

развој на талентот и соработка. Таа претставува ново културно јадро во градот и јасен пример дека 

кога младите добиваат поддршка – тие создаваат вредности за целата заедница. 

Настанот беше збогатен со обраќања од претставници на локалната самоуправа и младинскиот сектор, 

како и со настапи на млади музички бендови, кои симболично го означија почетокот на новата приказна 

за младинската музичка сцена во Прилеп. 

Ова е простор каде што се раѓаат идеи, се создаваат звуци и се сонува гласно. 

Проектот Младински политики по мерка на младите е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. 

 #CHinMK #CivicaMobilitas 

 

Print