Во Општина Крушево се одржаа непосредни избори за избор на Локален младински совет (ЛМС) –тело кое ќе претставува линк помеѓу младите и локалните власти со одговорност да ги застапува потребите и барањата од младите и да придонесува за унапредување на младинските политики во локалната заедница.
Процесот започна со објавување јавен повик за пријавување на сите млади од општината (претставници на младински организации, организации на млади, политички подмладоци како и претставници од училишни и студентски организации). Сите заинтересирани млади кои сакаа да бидат дел од Советот имаа можност да поднесат апликација и да влезат во процес на селекција. По завршување на рокот за пријавување, беше свикано Локалното собрание на млади, кое ја имаше централната и најважна улога во целиот процес.
Со изборот на Локалниот младински совет, Крушево доби нов механизам за поголема младинска вклученост и активно учество на младите во донесување одлуки.
ЛМС ќе работи на:
· застапување на младинските интереси,
· иницирање проекти и активности во различни области,
· создавање можности за развој и активизам,
· градење партнерство со локалната самоуправа и институциите.
Или накратко, ќе биде гласот на младите во општината!
Формирањето на ЛМС е значаен чекор кон зајакнување на младинската структура во општината и јасен сигнал дека младите во Крушево се препознаени како рамноправни чинители во развојот на заедницата.
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
#ЈасГраѓанинот