Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар

Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар

Наслов: Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар

Времетраење: 01.11.2022 година - 30.04.2023 година (6 месеци)

Цел: Придонес кон зголемување на политичката одговорност и транспарентност во локалните заедници.

Целна група: 

Средношколци, студенти и млади невработени лица од Општина Прилеп на возраст од 17-29 години. Целните групи се избрани заради тоа што преставуваат најранливата категорија во заедницата кои се директно засегнати од проблемот.

Активности: 

- 3 ИНФО денови за да влијаеме на подигнување на јавната свест кај младите како и кај креаторите на политики за нивна поголема одговорност и транспарентност во локалната заедница ,
- 3 Аудио и 3 Видео поткасти преку кои ќе се испраќаат мотивирачки пораки до младите и локалните власти се со цел да ги потсетат за нивното ветување,
- 5 Работилници за дигитално младинско учество,
- 4 Настани за собирање потписи т.е петиција за да обезбедиме поголема поддршка од заедницата за прашањето кое што ќе го застапуваме, но и да ги зголемиме притисокот за одговорност локалните власти,
- Тркалезна маса на која што ќе бидат поканети да учествуваат градоначалникот, членови на советот на општината, локални здруженија и млади. На настанот ќе бидат презентирани препораките кои ќе произлезат од младите, собрани преку сите претходно реализирани онлајн и офлајн активности,
- Позициски документ за да влијаеме на локалните власти во унапредување на транспарентноста и да ги повикаме на одговорност за отворање на Младински Центар.

Резултати:

- Младите се активни и вклучени и ги повикуваат на одговорност локалните власти.
- Дигитално обучени млади креираат аудио поткасти и видео продукти.
- Подготвен Позициски документ со препораки од млади во Општина Прилеп.

 

 

 

Date

01 November 2022

Tags

Локални проекти