Ностра Нова Домус - поддршка за енергетски задруги
Ностра Нова Домус
Наслов: ИРЗ – Ностра Нова Домус – поддршка за енергетски задруги
Времетраење: 01.04.2024 – 31.12.2024
Општа цел:
Да се поддржи развојот на енергетските заедници во Прилеп преку инсталација на фотонапонска централа и спроведување на едукативни активности за зголемување на свеста кај младите и граѓаните за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.
Специфични цели:
СЦ1: Да се инсталира фотонапонска централа со цел демонстрација на производство на чиста енергија и практична едукација на младите.
СЦ2: Да се спроведат едукативни активности за зголемување на свеста за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност кај ученици, млади и граѓани.
СЦ3: Да се поттикне локално и национално вмрежување преку учество во мрежата на енергетски заедници во Македонија.
СЦ4: Да се зајакнат капацитетите на Младински Совет Прилеп за спроведување на активности поврзани со одржлива енергија и климатски промени.
СЦ5: Да се промовираат добри практики за користење на обновлива енергија во локалната заедница.
Целна група:
- Ученици од основни и средни училишта
- Млади лица од Прилеп и Пелагонискиот регион
- Младински работници и волонтери
- Граѓани заинтересирани за обновливи извори на енергија
- Локални младински организации и иницијативи
- Лица во ризик (социјален, економски, географски, образовен)
Крајни корисници:
Учесниците и младите од Прилеп кои преку проектот стекнаа практични знаења за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржливост.
Младински Совет Прилеп го зајакна својот капацитет за спроведување на едукативни иницијативи поврзани со климатски промени.
Локалната заедница доби зголемена информираност за важноста на чистата енергија и климатските промени.
Активности:
Активност 1:
Преку локална работилница посветена на енергетска ефикасност, учениците од средните училишта во Прилеп имаа можност да се запознаат со основните концепти за обновливи извори на енергија и нивната примена во секојдневниот живот. Работилницата беше спроведена во два дела, едукативен и практичен. Во првиот дел, младите учеа за разликите меѓу обновливи и необновливи извори, како и за состојбата со обновливата енергија во Македонија. Во вториот дел, преку креативни активности, како изработка на мини ветерници и постери, учесниците развиваа практични вештини и критичко размислување. Оваа активност придонесе за зголемување на интересот и ангажираноста на младите за темите поврзани со чиста енергија и одржливост.
Активност 2:
Во рамките на проектот се спроведува континуирана кампања за зголемување на свеста за обновливите извори на енергија преку социјалните мрежи. Кампањата вклучува информативни објави, едукативни содржини, интерактивни анкети и дискусии со следбениците, со цел да се поттикне јавноста да размислува за сопствениот придонес кон одржливи енергетски практики. Во следниот период ќе се подготват и објават кратки видеа (рилови) и радио подкасти, со што ќе се прошири опфатот и влијанието на кампањата. Активноста веќе покажува позитивен одзив и растечки интерес кај граѓаните.
Активност 3:
Во последниот квартал од годината ќе се организираат средби со младински организации со цел да се поттикне локално вмрежување и размена на искуства за обновливи извори на енергија и климатски промени. Овие средби ќе овозможат младите и организациите да дискутираат за предизвиците и можностите во областа на одржливата енергија, како и да развијат идеи за заеднички иницијативи. Активноста ќе придонесе за зајакнување на локалната соработка и градење на долгорочни партнерства.
Резултати:
Р1: Инсталирана фотонапонска централа со моќност од 3 kWh
Р2: Зголемени компетенции кај младите за обновлива енергија и енергетска ефикасност.
Р3: Зголемена свест кај јавноста за климатски промени, преку кампањата на социјални мрежи.
Р4: Зајакната соработка со локални младински организации.
Р5: Подобрен капацитет на Младински Совет Прилеп за спроведување едукативни проекти поврзани со климатските промени.
Р6: Активно учество во мрежата на енергетски заедници во Македонија.

