Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп
Наслов: Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп
Времетраење: 01.01.2026 – 01.06.2026
Општа цел:
Да се унапреди младинското учество во средното образование преку поддршка, јакнење и видливост на ученичките организации во Прилеп.
Специфични цели:
СЦ1: Да се изградат капацитети на ученичките организации за ефективно учество и застапување
СЦ2: Да се поддржат мали ученички иницијативи кои промовираат активно учество
СЦ3: Да се зајакне гласот и медиумската видливост на ученичките организации преку радио подкасти
Целна група:
- Претставници на ученичките организации во трите училишта (избрани ученици)
- Средношколци од 1 до 4 година кои ќе бидат мотивирани да се вклучат
- Наставници/ментори кои ги следат и поддржуваат ученичките организации
- Широка ученичка популација преку подкастите
Крајни корисници:
На тој начин, учениците ќе добијат можност да го применат наученото преку креирање и спроведување на идеи што се однесуваат на подобрување на училишната клима, промоција на ученичките права или активно учество во процеси на донесување одлуки во рамки на училиштето.
Активности:
Активност 1: Зајакнување на капацитетите на ученичките организации во трите средни училишта во Прилеп
Активност 2: Поддршка на мали ученички иницијативи кои промовираат учество и застапување
Активност 3: Зајакнување на гласот на учениците преку продукција и промоција на аудио подкасти
Резултати:
Р1. Најмалку 30 ученици од трите училишта стекнале знаења за младинско учество и законските основи
Р2. Три ученички организации успешно реализирале мали проекти водени од учениците
Р3. Шест подкасти продуцирани од страна на ученици и емитувани преку интернет радио (Пулс Радио) и социјални мрежи
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

