Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Проекти на МСП

Младински Центар за Прилеп – право, потреба и иднина за младите

Младински Центар за Прилеп – право, потреба и иднина за младите

Наслов: Младински Центар за Прилеп – право, потреба и иднина за младите

Времетраење: 01.11.2025 – 30.04.2026 година

Општа цел: Да се придонесе кон унапредување на младинското учество и локалниот младински развој во Прилеп преку зголемување на јавната свест, зајакнување на институционалната одговорност и иницирање одржливи механизми за поддршка на младите, вклучително и воспоставување на Младински Центар.

Специфични цели:

1: Да се обезбедат факти и јавна видливост за проблемот – преку медиумско истражување и аналитичка сторија во Локал Актив Пелагонија.

2: Да се зголеми институционалната свест и подготвеност – преку формални средби и јавни дебати со општинските власти.

3: Да се иницира конкретен процес за отворање Младински Центар во Прилеп – преку поднесување официјална граѓанска иницијатива и предложен модел за функционирање на МЦ.

Целна група: млади лица на возраст од 15–29 години, средношколци и студенти, младински организации и неформални групи, културни, спортски и волонтерски иницијативи како и пошироката локална заедница и општинските институции.

Крајни корисници: Младите од Прилеп кои ќе добијат достапен и безбеден простор за развој и учество, локалните младински организации и иницијативи кои ќе ја зајакнат својата работа, општината и заедницата кои ќе имаат подобрено младинско учество и поддршка за локални политики.

Активности:

Активност 1: Документирање на проблемот и медиумска сторија

Активност 2: Јавно застапување и институционален дијалог

Активност 3: Мобилизација и медиумска/онлајн кампања

Активност 4: Следење и промоција на резултатите

Резултати:

Р1: Објавена аналитичка сторија, зголемена јавна информираност, поставена основа за застапување.

Р2: Официјален документ со предлог модел, поднесена иницијатива, евидентирана дискусија во институциите.

Р3: Зголемена видливост, вклученост на младите, поддршка од пошироката јавност, досег од најмалку 10.000 луѓе.

Р4: Јасна проценка на влијанието, препораки за следни чекори, зајакната коалиција на поддржувачи.

 

Оваа содржина е создадена во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“, кој го спроведува Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС од Скопје, со финансиска поддршка од Европската унија. Ставовите и мислењата искажани во содржината не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторот.

Date

19 March 2026

Tags

Локални проекти

Publish modules to the "offcanvs" position.