http://www.ycp.org.mk/mk/images/MsoPnl_Cnr_tl_13.gif

 

http://www.ycp.org.mk/images/logoto.jpg

 

http://www.ycp.org.mk/mk/images/MsoPnl_Cnr_tr_27.gif

 

 

http://www.ycp.org.mk/images/en.gif

http://www.ycp.org.mk/mk/images/MsoPnl_Cnr_bl_417.gif

 

http://www.ycp.org.mk/mk/images/MsoPnl_Cnr_br_419.gif

 

Форум

 


       Тековни активности

Пристап на младинските организации и институциите од областа на културата до фондовите на ЕУ

 

     

                        http://www.ycp.org.mk/mk/MSP%20mk.jpg                                                                                                                        

                                              

 

Во состав на проектот “Пристап на младинските организации и институциите од областа на културата до фондовите на ЕУ”  на Младински Совет Прилеп, ќе се одржи обука за зајакнување на капацитетите на претставници од младинските НВОи и институциите од областа на културата од Прилеп.

Главна активност на овој проектот е реализирање на обука за зголемување на капацитетите на младинските НВОи од Прилеп и вработени од институциите од обалста на културата. На дводневната обука учество ќе земат 20 представници од младински НВОи, вработени во културни институции, самостојни уметници и претставници на локалната самоуправа на општина Прилеп кои ќе имаат можност да се информираат и едуцираат за програмата за Култура 2007-2013 на Европската Унија и да ги зајакнат нивните капацитети за аплицирање, преку практична работа на потполнување апликација. Темите на кои ќе биде организирана обуката се:

       Евроски организации и институции (општ дел - за ЕУ, за ЦоЕ, за ОСЦЕ, за ЕБРД и слични институции)

       Посебен дел за ЕУ за култура

       Институции за финансиска и друга помош за култура (ЕУ Ацтионс 1-3)

       Симулација (пишување проект во апликација на ЕУ
Оваа обука е наменета за оние претставници кои понатаму ќе учествуваат во работната група за креирање на Локална Стратегија за млади во областа на културата во фасилитација на Коалиција на младинскиорганизации СЕГА.

Обуката ќе се одржи во периодот од 24-25 Декември 2009 и ќе започне од 10 часот.

Апликацијата можете да ја симнете од линкот подолу и ве замолуваме да ја испратите на contact@ycp.org.mk најкасно до 22.12.2009 до 14 часот.

 

Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не.

Младински Совет Прилеп

Тел: 048 525 390
E-mail: contact@ycp.org.mk

 

Mултилатералната младинска размена “Културна рамка на Европа”

                http://www.ycp.org.mk/mk/MSP%20mk.jpg                                                                           http://www.ycp.org.mk/mk/YiA.jpg 

 25 Август – 03 Септември 2009, Прилеп Р.Македонија

Во периодот од 25 Август – 03 Септември 2009 во Студентски дом “Орде Чопела” Прилеп - Младински Совет ја реализираше 10 дневната мултилатерална  младинска размена во склоп на проектот “Културна рамка на Европа” финансиски поддржан од Европската Комисија.

На размената учество зедоа 26 учесници на возраст од 17-30 год од Шпанија, Шведска, Србија, Италија и Македонија со цел да го промовираат интер-културниот дијалог и меѓусебното разбирање. Младите во текот на размената живееја и работеа во мултикултурна заедница во која беа вклучени во процес на интер-културно и неформално учење идентификувајќи ги Европските вредности, учејќи за човековите права и надградувајќи ги професионалните и лични капацитети се со цел да се промовираат во вистински Европски граѓани.

Програмскиот дел на размената беше структуриран во два дела и тоа: едукативен и креативен. Преку различни методи на работа учесниците ги запознаа човековите права, Европското граѓанство, што е дискриминација и како да се бориме против истата, ксенофобија, културни различности и интеркултурен дијалог. Младите ја имаа можноста преку посета на многу знаменитости да го запознаат подобро Прилеп и македонската историја и култура.

Во склоп на креативниот дел ги презентираа своите земји и култури кои послужија како основа за изработка на 6 скулптури од глина од кои 5 скулптури ги презентираа земјите учеснички додека последната ја претставуваше Европа и европските вредности. Изработените дела се презентираа на јавна изложба во домот на културата “Марко Цепенков” Прилеп.

На крајот на размената учесниците дадоа свое видување за сработеното и дадоа препорака да се креира follow up  на проектот како би се придонело кон развивање на квалитетни модули преку кои би се учело подетално за човековите права и воедно би се развивале нови креативни социјални настани преку кои младите повторно ќе ја имаат можноста да се дружат, да работат и да ги промовираат Европските вредности.

http://www.ycp.org.mk/mk/novost1.gif

“Културна рамка на Европа”

                 http://www.ycp.org.mk/mk/MSP%20mk.jpg                                                                           http://www.ycp.org.mk/mk/YiA.jpg 

Младински Совет Прилеп започна со реализација на интернационалниот проект “Културна рамка на Европа”. Проектот ќе се реализира во период од 4 месеци со поддршка на Европската Комисија и Младински Совет Прилеп. Главна цел на проектот е да се промовира и јакне интер-културниот дијалог  преку истовремено промовирање на уметноста и културата, преку кои всушност младите учесници и корисниците на проектот ќе бидат вклучени во процес на интер-културно и неформално учење во кој заедно ќе ги идентификуваат Европските вредности и ќе ги надградат своите лични и професионални квалитети.

Главна активност на проектот е реализацијата на 10-дневна мултилатерална младинска размена во Прилеп, Македонија во која 26 учесници на возраст од 15-30 год од Шпанија, Шведска, Србија, Италија и Македонија ќе го промовираат неформалното и интер-културно учење преку кое ќе учат и како да бидат вистински социјални граѓани.  Учесниците ќе живеат и работат во мултикултурна средина во која заедно ќе ги истражуваат и идентификуваат различните култури и социјални позадини на земјите од кои доаѓаат и стекнатото знаење ќе го пренесат визуелно на скулптури од глина кои ќе ги симболизираат и презентираат Европа и вклучените држави партнери. Размената ќе се реализира во периодот од 25 Август до 03 Септември 2009 во Прилеп, Македонија. 

Во склоп на предвидените проектни активности а со цел да се изврши финална припрема за беспрекорно реализирање на младинската размена се одржа Подготвителен состанок во Прилеп во периодот 10-12 Август 2009. На овој состанок присуствуваа 5 учесници,  еден лидер на група од секоја од партнер организациите. Целта на Подготвителниот состанок беше да се разгледаат и верификуваат сите технички и организациони аспекти од кои зависи реализацијата на главниот настан.

http://www.ycp.org.mk/mk/novost1.gif   

Интернационален тренинг: “Self-organized as a powerful tool in youth work”

OST тренинг за младински работници и малдински лидери

Нови Сад, Србија

27ми Јули - 2ри Август, 2009

Младински Совет Прилеп во периодот од 27ми Јули до 2ри Август во Нови Сад, Србија, зеде учество на меѓународниот Open Space Technology тренинг “ Self-organization as powerful tool in youth work”. На овој тренинг зедоа учество младински работници од десет земји Северна Ирска, Австрија, Република Чешка, Полска, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија.

Овој тренинг оспособува професионална фасилитација на open space настани.

Овој тренинг се спроведува како дел од “ Youth In Action Programme” на ЕУ. Спонзор на оваа активност е British Council Connect Youth- Националната Агенција на Велика Британија во соработка со Inside Out Projects, Claudy/Derry и ОNO,Нови Сад.

Овој тренинг се состоеше од четири дела.Во секој дел се користеше open space технологијата за да се допринесе до многубројни искуства како учесник, практикант и фасилитатор на open space. 

·         Првиот дел  беше целосен open space вклучувајќи го и изборот на темите,  поставување на open space заедно, идентификување и работа на проблемите, документација на резултатите и планирање на следните чекори. Ова искуство во улога на учесник на open space беше

·         Вториот дел  беше „ open space  во open space “ за повратни информации и изучување на методот и негова можна примена во улога на учесник на open space. Беше осмислен како само организирана размена на знаењата за да се оцени искуството од првиот дел од тренингот.

·         Третиот дел беше вежбање, односно организирање на целосен open space вклучувајќи ги дивергираните и конвергираните фази. Еден тим од учесниците ја фасилитираше дивергентната фаза, а другиот тим конвергентната фаза.Работата од двата тима беше оценувана од страна на тренерите и целиот тренинг курс во структурирана feedback вежба.

·         Четвртиот дел при самото затворање на тренингот беше сесија која се однесуваше на целосно информирање за „оревите и клиновите“ на open space и исполнување на аспектите на open space  што произлегоа за време на тренингот.

Само-организираната рефлексија, читањето и учењето беше потпомогнато и од „просторот за учење“,reflection групите и библиотека.

http://www.ycp.org.mk/mk/ost3.jpg   http://www.ycp.org.mk/mk/ost2.jpghttp://www.ycp.org.mk/mk/ost1.jpg

http://www.ycp.org.mk/mk/new.gif         ОГЛАС за слободна волонтерска позиција во Младински Совет - Прилеп

(Проект менаџер)

Почитувани,

 

Младински Совет - Прилеп има потреба од ангажирање на волонтери заради подобрување на работата и постигнување на подобри резултати во областите во кои работи. За таа цел, објавуваме 2 слободни позиции за работно место Проект менаџер.  

 

Начин на аплицирање:

До колку сте заинтересирани, Ве молиме пополнете ја Апликацијата за проект менаџер (во прилог) и доставете ја до Младински Совет - Прилеп најдоцна до 20.08.2009 година со назнака „апликација за проект менаџер“ на следните контакти: 

·         лично: Младински Совет ул.“Питу Гули” 1 7500 Прилеп, во периодот помеѓу 9.00 и 16.00 часот секој работен ден

·         по е-маил: To: contact@ycp.org.mk Cc: aleksandar@ycp.org.mk

Доколку апликацијата не ја доставите по е-маил, истата задолжително да биде доставена во запечатен плик во канцеларијата на МСП. 

 

Важна напомена:

Кандидатите да се на возраст 23-30 години

Податоците добиени од пополнетите апликации за волонтери се доверливи!

 

Процес на избор:

o    Задоцнетите апликации нема да се разгледуваат.

o    Сите кандидати за волонтери кои ќе аплицираат, ќе бидат известени за одлуката по однос на нивната апликација најдоцна до 31.08.2009 година.

o    Апликантите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат поканети на интервју во периодот од 05-08.09.2009 година, по што ќе бидат информирани за конечната одлука.

Предност при изборот ќе имаат апликантите со претходно волонтерско искуство.

 

Во прилог:

Оглас за слободни волонетрски позиции

Апликација за Проект Менаџер

http://www.ycp.org.mk/mk/new.gif         ОГЛАС за слободни волонтерски позиции во Младински Совет - Прилеп

Почитувани,

 

Младински Совет - Прилеп има потреба од ангажирање на волонтери заради подобрување на работата и постигнување на подобри резултати во областите во кои работи. За таа цел, објавуваме повеќе слободни волонтерски позиции. 

 

Начин на аплицирање:

До колку сте заинтересирани за било која од слободните волонтерски позиции, Ве молиме пополнете ја Апликацијата за волонтери (во прилог) и доставете ја до Младински Совет - Прилеп најдоцна до 20.08.2009 година со назнака „апликација за волонтер“ на следните контакти: 

  • лично: Младински Совет ул.“Питу Гули” 1 7500 Прилеп, во периодот помеѓу 9.00 и 16.00 часот секој работен ден
  • по е-маил: To: contact@ycp.org.mk Cc: aleksandar@ycp.org.mk

Доколку апликацијата не ја доставите по е-маил, истата задолжително да биде доставена во запечатен плик во канцеларијата на МСП. 

 

Важна напомена:

Податоците добиени од пополнетите апликации за волонтери се доверливи!

     

Процес на избор:

  • Задоцнетите апликации нема да се разгледуваат.
  • Сите кандидати за волонтери кои ќе аплицираат, ќе бидат известени за одлуката по однос на нивната апликација најдоцна до 31.08.2009 година.
  • Апликантите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат поканети на интервју во периодот од 05-08.09.2009 година, по што ќе бидат информирани за конечната одлука.
  • Предност при изборот ќе имаат млади на возраст од 18 – 30 години со претходно волонтерско искуство.

Во прилог:

Оглас за слободни волонтерски позиции

Апликација за волонтери

Извештај од интернационалниот тренинг

“Involving youth in the decision making processes”

27 Јуни – 02 Јули 2009 Охрид, Македонија

logo    http://www.ycp.org.mk/en/PICA0C6.tmp.jpg   http://www.ycp.org.mk/en/PIC42CE.tmp.jpg

Младински Совет Прилеп во периодот од 27 Јуни – 02 Јули 2009 во Охрид сo поддршка на Советот на Европа - Европската Младинска Фондација и Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија го реализираше интернационалниот тренинг “Involving youth in the decision making processes”. Тренингот беше всушност главниот настан на истоимениот проект на кој присуствуваа 31 учесници, младински работници од 8 земји од регионот на Југоисточна Европа.

Главната цел на овој 6 дневен настан беше да обезбеди размена на искуства и практики и да генерира препораки за ефикасни модели преку кои ќе се поттикнува и јакне младинското учество во процесите на одлучување на локално, регионално и национално ниво во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Настанот се стремеше и кон зајакнување на капацитетите на организациите на локално и национално ниво и креирање партнерства на интернационално ниво. Исто така настанот овозможи размена на знаења и практики, поддршка на неформалното учење и креирање на услови за follow up на проектот како и остварување на долгорочно влијание на резултатите од истиот. 

Преку неформално учење, учесниците ги надградија персоналните и организациските капацитети со што во иднина ќе делуваат како мултипликатори  на знаењата стекнати не тренингот и ќе бидат клучни играчи во мотивацијата и развојот на младинското учество во земјите во кои работат.

Во неформалниот дел од тренингот учесниците имаа можност да го разгледаат Охрид каде и да запознаат дел од македонската историја и култура, да ги видат природните убавини кои ги има Охрид, а воедно и преку многубројни социјални настани имаа можност меѓусебно подобро да се запознаат и да ги презентираат сопствените култури и вредности.

Главни теми на кои што се дискутираше во текот на тренингот беа: Европска повелба и локалните младински политики; Модели на соработка од областа на одлучувањето; Застапување, лобирање и вмрежување. Едукативните сесии се темелеа на поединечни поглавја од прирачникот “Have you say”. Учесниците преку работа во мали групи, панел дискусии и презентации ги идентификуваа пречките за ефективно младинско учество условено од самите млади, НВО секторот и државните авторитети. Врз основа на ова се донесоа препораки за тоа во кој правец треба да се насочи поддршката на младинското учество.

На крајот на тренингот отворено се разговараше за планирање на следни активности со цел посуштински да се третираат темите и проблематиките на младинското учество, донесувајќи конкретни препораки за начините на идна комуникација и соработка помеѓу учесниците.

http://www.ycp.org.mk/images/n1/Oppening%20small.JPGhttp://www.ycp.org.mk/images/n1/Disscusion%20small.JPGhttp://www.ycp.org.mk/images/n1/Group%20presentation%20small.JPG

Повик за учесници

logo    http://www.ycp.org.mk/en/PICA0C6.tmp.jpg   http://www.ycp.org.mk/en/PIC42CE.tmp.jpg

Почитувани,

Младински Совет – Прилеп со поддршка на Европската Младинска Фондација на Советот на Европа и Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија ќе го реализира тренинг курсот:   Вклучување на младите во процесите на одлучување   кој ќе се одржи од 27 Јуни – 02 Јули 2009 година во Охрид, Македонија.

Повикот се однесува на сите млади активисти кои се вклучени и работат на процесот на креирање, имплементирање и унапредување на младинското учество.

Овој тренинг претставува одлична рамка во која ќе се анализира моменталната состојба на полето на младинско учество и ќе се воспостават и генерираат  нови стратегии и методологии кои ќе помогнат во развојот на младинското учество во Р. Македонија и регионот на Југоисточна Европа.  Впрочем целта на овој тренинг е да се надградат капацитетите на младите и подобрување на младинското учество на локално, национално и интернационално ниво во земјите од Југоисточна Европа.

Концептот за тренинг курсот го разработи тимот на Младински Совет во соработка со експерти вклучени во полето на младинско учество на локално, национално и Европско ниво.

Работен јазик на тренингот е англискиот јазик.

Краен рок за аплицирање е 15 Јуни 2009 година.

 

Во прилог: Повик за учество, Апликација за учество и Агенда од настанот.

Повик за учество

Апликација за учество

Агенда

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Почитувани,

Младински Совет—Прилеп, со поддршка од Владата на Репубилка Македонија , во следните четири месеци (Февруари 2009 – Мај2009 година) ќе го реализира проектот „Младите во акција“ со цел да ги зајакне капацитетите на младите и младинските организации во источна Македoнија и да го охрабри вклучувањето на младите во решавање на локални и регионални проблеми за прашања коишто нив ги засегаат. Проектот, во текот на 4 месеци во две фази, ќе се реализира во 2 градови од источниот дел на Република Македонија: Свети Николе и Радовиш.

Во првата фаза од реализација на проектот ќе се селектираат две младински НВОи, по една од Свети Николе и една од Радовиш, ќе се формираат четири фокус групи, и ќе се работи на подготовка на шест акциони планови за покренување на младински иницијативи.

Во текот на втората фаза, Младински Совет—Прилеп, со мали грантови во висина од 15 000 денари, ќе поддржи 2 (два) локални младински акциони планови за покренување на младински иницијативи.

Целна група на повикот:
Младински организации и организации кои работат со млади во следните области: заштита на човековите права, правни совети, кризни центри, вработување, развивање на бизниси и сл., а кои функционираат на териториите на општините Радовиш и Свети Николе.

Краен датум на доставување на пополнети апликации:
Ве молиме пополнете ги сите побарани информации во апликацијата и доставете ги по е-маил до Младински Совет—Прилеп.
 

најдоцна до 20.02.2009 (петок) до 17:00 часот

To: contact@ycp.org.mk
Subject: Апликација за Јавен повик

Дополнителни информации во врска со повикот:

Сите пријавени организации, чиишто мисии соодветствуваат на горниот опис ќе бидат вклучени во информативна мрежа за размена на информации и комуникација, додека 2 организации (по една од секој град) ќе бидат избрани да се вклучат директно во реализација на проектните активности.

Процесот на избор на двете организации ќе се изврши врз основа на податоците дадени во апликациониот формулар. Сите организации коишто се пријавиле на повикот ќе бидат информирани за направениот избор најдоцна до 01 март 2009 година.

До колку имате било какви прашања во врска со Младински Совет—Прилеп или проектот, Ве молиме обратете се на долунаведените контакти.

Дарко Конески
Координатор на проектот
e-mail: darkok@ycp.org.mk
 

Донатор: Влада на РМ, Генерален секретаријат

Апликацијата можете да ја сметнете овде.

Едукација за човекови права сега и одма

Од 22 јуни официјално започна реализацијата на проектот-Едукација на човековите права сега и одма.

Целта на овај проект е да придонесе во јакнењето на знаењето и натпреварувањето во клучниот концепт на едукација за човековите права помеѓу младите луѓе. Имплементацијата на прокетот ќе се одвива во општините Прилеп,Битола и Крушево во времетраење од 9 месеци. Активности кои ќе се реализираат се:

  • Ќе обезбеди формирање на 10 тима од тренери
  • Ќе обезбеди формирање на тим за фотографирање во Прилеп
  • Ќе обезбеди формирање тим за новинарство во сите три града
  • Ќе се организира семинар за тренинг за тренери и човекови права
  • Ќе обезбеди едукативни работилници за фотографирање (на членовите од тимот на млади фоторепортери)
  • Ќе обезбеди едукативни работилници за новинарство (на членовите од тимот на млади фоторепортери)
  • Подготовка, обајавување и дистрибуција на весник
  • Организирање на едукативни работилници
  • Организирање и имплементација на работата на тимот за фотографирање
  • Избор на слики
  • Организација и реализација на работилници за креативни пораки
  • Организирање на изложба

      Донатор:

      Амриканска амбасада

Млади Помагачи

Во тек е спроведување на  проект кој има за цел градење на група на млади помгачи, воспоставување и развој на позитивен приод кон разрешување на конфликти и проблематични ситуации во нивните заедници. Тоа ќе се овозможи преку PEER едукацијата која е метод преку кој младите луѓе учат како да им помагаат на нивните врсници да пронајдат начин за решавање на нивните проблеми како да развијат позитивно размилсување, надминување на конфликтите и за промовирање мир и стабилност. Младите треба да бидат запознати со можностите на нивниот избор. Вклучените активности ќе овозможат да бидат обучени 45 млади (средношколци,студенти и членови на младинаки НВОи) за PEER едукација. Проектот ќе биде со времетраење од 3 месеци.

                   http://www.ycp.org.mk/images/092006/Picture%20001.jpg                                http://www.ycp.org.mk/images/092006/Picture%20015.jpg

           Донатор:

       Агенција за Млади и Спорт

 

 

 

Нови Публикации на Младински совет Прилеп

Електрoнските верзии на публикациите можете слободно да ги превземете од делот ПУБЛИКАЦИИ, можат да се отворат со Adobe Reader.

  • http://www.ycp.org.mk/images/new.gifИзвештај од надворешна евалуација на проектот Учество на малдите во локланта самоупава - УНИЦЕФ
  • Извештај од истражување за младинска партиципација во Прилеп, Битола и Кичево - УНИЦЕФ
  • Прирачник за професионална ориентација - УНИЦЕФ
  • Брошура од проектот „Младите за младите” - Caritas
  • Национална стратегија за млади на Република Македонија

Младински едукативен центар

Штотуку заврши проектот-Младински едукативен центар подражан од CARITAS

Целта на  овој проект беше да се обезбеди долгорочна подрашка во развојот на младите луѓе. Беа формирани три тима за едукација; одржана беше на еден дводневен тренинг обука за 12 млади за ТОТ; одржани беа 30 работилници на кои учествуваа 300 млади на тема: трговија со луѓе, штетно влијание од дрогата и ХИВ/СИДА/СПИ и репродуктивното здравје; воспоставување на еден Младински едукативен центар.Директни корисници на проектот беа 410 млади(околу 30%жени)кои беа опфатени во нивните локални заедници. Беа опфатени млади од 16-25 години од Општина Прилеп.Проектот траеше 8месеци од Август 2006 до Јуни 2007 година.

Работата на Младинскиот едукативен центар постојано беше следена од Nikolas G.Amado волонтер од Шпанија којшто волонтираше преку EVS програмата изминатите 8 месеци во нашата организацијаци. Тој изготви извештаи за секоја од темите.Нив можете да ги најдете само на англиски јазик. Доколку скате да ги прочитате кликнете на следните линкови

http://www.ycp.org.mk/images/092006/Picture%20003.jpg         http://www.ycp.org.mk/images/092006/Picture%20044.jpg             http://www.ycp.org.mk/images/092006/IMG_0001.jpg

    Донатор:

   CARITAS

Функционирање на Средношколскиот сектор во Прилеп

Започна новата школска година, многу млади луѓе веќе завршија со средното училиште, но за многу други ова е само почеток во средното образование. Во склоп на Младински совет функционира Средношколскиот сектор на Прилеп. Со почетокот на новата учебна година се изврши и промена на раководната структура на Средошколскиот сектор, бидејќи извесен број од членовите го завршија средното училиште, повеќето од нив се запишаа на факултет, се наоѓаат пред нови задачи и предизвици, и им посакуваме успех во студирањето.

Сепак, Средношколскиот сектор на Прилеп продолжи со своето вообичаено функционирање, но со нова раководна структура, која беше избрана на првиот состанок за оваа 2006-та година, кој се одржа на 18 септември. Новата структура на Средношколскиот сектор ја сочинуваат:

·         Координатор на Средношколскиот сектор – Огнен Капетаноски;

·         Заменик-координатор – Марија Гудеска;

·         Секретар - Томи Јованоски;

·         Координатор на програми - Елена Бачаноска;

 Избрани се и координатори според сектори:

 ·         Сектор за истражување - Александар Сливоски;

·         Сектор за едукации - Кристина Талеска;

·         Сектор за забава и спорт - Славко Петлески;

·         Сектор за соработка со младински заедници - Младен Јонески;

·         Сектор за хуманитарни активности - Александра Андоноска;

Средношколскиот сектор редовно одржува состаноци во определен термин, кој се менува во зависност од планираните активности и проекти.

Заинтересираните средношколци кои сакаат да се активираат во работата на овој сектор, можат да се информираат во канцеларијата на Младински совет - Прилеп.

Контакт телефони:

048/421-070;

048/429-390

Средношколскиот сектор на интернет

Средношколците поставија свој блог на интернет. Таму ќе бидат презентирани сите активности, новости и информации за состаноците на средношколскиот сектор. Адресата на блогот е: youthprilep.blogspot.com.

 

 

-----------------------

Следете нна:

    

 

-------------------------------

Младински Совет Прилеп
е членка на:

-------------------------------

Наши Пријатели:

http://www.ycp.org.mk/mk/LogoMak1.gif

http://www.ycp.org.mk/mk/10bez10.jpg

 

 

 

 

Веб сајтот е финансиран од CARE INTERNATIONAL и Development Cooperation Ireland

© Сите права задржани - Младински Совет Прилеп

http://www.ycp.org.mk/mk/images/MsoPnl_Cnr_bl_527.gif

 

http://www.ycp.org.mk/mk/images/MsoPnl_Cnr_br_529.gif